Грчките ватерполисти ги казнија промашувањата на Црногорците

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Ватерполо репрезентацијата на Грција обезбеди пласман во полуфиналето откако со 10:4 ја совлада Црна Гора во четвртфиналната пресметка.
Грците беа подобри во сите четвртини (1:0,2:1,3:1,4:2) и тоа благодарение на промашувањата на црногорските ватерполисти.
Најдобар беше Константинос Генадиунас со пет голови, а Грција во полуфиналето ќе игра против подобриот од четвртфиналната пресметка помеѓу Унгарија и Хрватска.

Втор полуфиналист е селекцијата на Шпанија која со 12:8 (3:3,3:3,1:0,5:2) го совлада САД.
Одлучувачкиот момент за триумфот на Шпанија беше последната четвртина која ја доби со 5:2. Алваро Гранадос и Бернат Санахуја дадоа по два гола за Шпанија, додека на спротивната страна Хејнс Даубе даде три гола.
Шпанија во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот Србија – Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот