Грчките студенти и професори на протест против предложените реформи во образованието

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Студенти и професори демонстрираат денеска во главниот град на Грција и во вториот по големина грчки град Солун, против предложените реформи во образованието, против забраната за протести воведени како дел од мерките за борба против пандемијата на коронавирусот, јави дописничката нма МИА од Атина.

Околу 4.000 лица со маски продефилираа низ улиците на Атина, додека околу 1.500 протестираат во Солун.

Студентите и професорите се противат на образовните реформи што вклучуваат планови за полициско присуство на универзитетите.

Протестот е поддржан и од федерации и организации на просветни работници, универзитетски професори, претставници на синдикати, но и од подмладокот на опозициската СИРИЗА.

Владата во вторникот објави забрана за протести со учество на повеќе од 100 лица до 1 февруари, како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Кршење на забраната се казнува со парична казна до 3.000 евра за физички лица кои организираат протести и 5.000 евра за групи или организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот