Грчки навивач е уапсен за убиството на Михалис Кацурис

фото: protothema.gr

Грчки навивач (24), по кој беше распишана потерница поради убиството на Михалис Кацурис во Нова Филаделфија, е уапсен во областа Гиза во Атина. Тој е идентификуван со помош на видео снимки, а е познат навивач на Панатинаикос, кој во минатото учествувал во разни навивачки пресметки, пренесува Прототема.

Како што пишува грчкиот портал, повикувајќи се на сигурни извори, приведениот млад човек ги водел навивачите на Динамо Загреб до местото на конфликтот со навивачите на АЕК. Сè уште се трага по десетина Хрвати.

Податоците доставени од ЕРТ покажуваат дека се очекува да бидат распишани нови потерници, бидејќи полициските службеници на Управата за борба против насилството при спортските објекти идентификувале и други хулигани преку регистарски таблички на автомобили.

Се напоменува уште дека за навивачот кој објавил за неговото присуство и учество во смртоносните судири во Нова Филаделфија сè уште не е распишана потерница, но неговото име е вклучено во опсежната истрага за нападот пред стадионот на АЕК.

Тренерот на АЕК, Алмеида: Не се плашиме од нови немири, одиме да играме фудбал

По приведувањето на 105 хулигани, истрагата се фокусираше на проверка на одземените мобилни телефони, прегледување на видео снимки од местото на конфликтот и ДНК анализа на уапсените, со цел да се идентификува убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис.

Од анализата на податоците во лабораториите се наведува дека, засега, нема идентификација со генетскиот материјал на 29-годишникот. На 60-те предмети запленети во рамките на истрагата не е пронајдена крвта на убиениот навивач во населбата Нова Филаделфија во Атина.

Исто така, грчката полиција чека од Хрватска да ѝ бидат испратени податоци за криминалистичката и прекршочната евиденција на приведените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот