Граѓаните се повеќе го користат дозволениот минус

Кредитните картички не им се најомилени на граѓаните во земјава и во континуитет се намалува нивниот долг кон банките по овој основ. Овој интересен феномен го покажуваат статистичките податоци на Народната банка и се случува во услови кога кредитните картички се широко распространети и користени на глобално ниво. Според официјалната статистика на Централната банка, долгот на граѓаните по основ на кредитни картички се намалува во континуитет во изминатите 15 години. До крајот на 2016 година изнесувал над 200 милиони евра, а потоа постојаниот надолен тренд до крајот од минатата година го сведува на рекордно ниско ниво од 163 милиони евра.

Ако се споредат кредитните картички со дозволениот минус како кредитен производ, излегува дека граѓаните многу повеќе сакаат да ја зголемуваат својата финансиска моќ преку дозволен минус на платежната сметка од една или неколку плати отколку преку дозволениот лимит на кредитните картички. Порталот Банкарство веќе анализираше дека вкупниот долг на населението по овој основ изнесува околу 113,2 милиони евра и во последните 15 години е речиси двојно зголемен.

Според последните статистички податоци, на долгот на кредитна картичка во ноември 2023 година корисниците плаќале просечна каматна стапка на ниво на банкарски сектород 11,21 отсто, додека на искористеното дозволено пречекорување плаќале просечна камата од 11,17 отсто. Од почетокот на годинава овие каматни стапки веќе надминаа 14 отсто, што значи дека нема голема разлика во трошокот, односно во цената на овие два кредитни производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот