Градоначалникот Богоев присуствуваше на ифтар во Нерези

Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, вчеравечер заедно со дел од членовите при Советот, беше на ифтар вечерата за верниците од исламска вероисповед во Долно Нерези.

– Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, овие празнични моменти потсетуваат на заедништво, слога и споделување на пријатни моменти со најблиските, се вели во соопштението од прес-службата на Општина Карпош.

Градоначалникот Богоев го истакнал и добриот меѓуетнички соживот што го негуваат граѓаните од овој дел на Карпош.

– Навистина ми е задоволство што сте пример за почитување на различностите. Затоа, кога се одбележуваат различни празници често пати присуствуваат и претставници од други верски заедници. Нерези и нережани се потврда дека сите може да живееме сложно и заедно, еден до друг, рече Богоев.

Воедно, Општина Карпош на сите граѓани од исламската вероисповед им посакува пријатни рамазански пости и одбележување на празникот Рамазан Бајрам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот