Готвиме со Маја: Ќофтиња од риба во комбинација со пире, блитва и салата со цвекло и ореви

готвиме со маја
Готвиме со Маја / Фото: Приватна архива

Ќофтиња од риба и пире од компир и блитва

Потребни состојки:

  • филети ослич
  • сол и бибер
  • лимон
  • путер
  • зачин за риба

Ќофтиња

Потребни состојки:

  • 1 сардина конзерва
  • 1 компир
  • 1 јајце
  • 1 лажица путер
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • 1/2 пециво
  • 1 лажичка зачин
  • сол и бибер

За поховање:

  • 2 јајца
  • 1/2 чаша брашно
  • 1/2 чаша лебни трошки
  • 1/2 чаша корнфлекс
  • сол

Подготовка:

Филетите зачинете ги со зачините и премачкајте ги со путер. Ставете ги во загреана тава со масло да се пржат, но кратко, само да омекнат. За време на пржењето, додадете сок од лимон врз нив. Исчистете ја пржената риба и иситнете ја на ситни парчиња. Во сад ставете ситно сецкан кромид, малку путер, згмечен лук, конзерва сардини, сув зачин, малку пециво, згмечен варен компир и рибата. Зачинете со сол и бибер. На крајот ставете јајце и убаво соединете. Доколку смесата е влажна, ставете малку брашно или лебни трошки. Со помош на проѕирна фолија обликувајте ќофтиња. Пред да ги пржите, извалкајте ги прво во брашно, потоа во јајце и на крај во мешавина од посолени лебни трошки и корнфлекс. Пржете ги од двете страни додека убаво не заруменат.

готвиме со маја
Фото: Приватна архива

Пире од компир и блитва

  • 4 компири
  • 2 китки блитва
  • 3 млади кромидчиња
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица суво нане
  • 1 лажица сув магдонос
  • 1 лажица сув зачин
  • сол и бибер
  • 2 лажици путер

Подготовка:

Во тава со маслиново масло испржете ги кромитчето и лукот и посолете. Ставете ситно сецкана блитвата и пржете додека не омекне. Повторно посолете и зачинете со сув зачин и малку нане. Кога блитвата целосно ќе омекне, додадете пасиран варен компир. Пробајте за сол и додадете ако е потребно.

готвиме со маја
Фото: Приватна архива

Салата со цвекло и ореви

Потребни состојки:

  • 1 чаша мешана салата
  • 1/2 тегла цвекло
  • 80 гр ореви
  • фета сирење
  • 2 лажици балсамико
  • 2 лажици маслиново масло
  • сув зачин за салата

Подготовка:

Во сад ставете ја салатата, цвекло, сирење, ореви, сув зачин за салата и балсамико и маслиново масло. Измешајте и зачинете со сол и бибер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот