Готвач не отсуствувал од работа 27 години: Сега доби донација од 400.000 долари за својот пензиски фонд

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Готвач во „Бургер кинг“ примил донации во вредност од над 400.000 долари, една година откако стана вирален, кога откри дека не отсуствувал од работа дури 27 години, пишува „Индепендент“.

Кевин Форд – готвач и касиер во „Бургер кинг“, кој работи на меѓународниот аеродром Мекаран во Лас Вегас, досега добил 407.000 долари преку донации, според веб-страницата „Гоу фанд ми“ („GoFundMe“).

Страницата за првпат била пуштена од неговата ќерка, Серина, минатата година, но имаше огромен интерес за донации во последните два дена, со придонеси од 10 до 1.000 долари. Откакот ја достигнаа сумата од 400.000 долари, сега е поставена нова цел за собирање од 450.000 долари, почнувајќи од 9 август.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Според описот на веб-страницата, Форд е самохран татко на две деца, кој почнал да работи во „Бургер кинг“ пред 27 години и не пропуштил ниту ден на работа. Серина, која го напиша описот, објасни и што го мотивира нејзиниот татко да продолжи да работи, да може да се грижи за своето семејство.

„Како што растеше нашето семејство, тој повторно се ожени и продолжи да работи во „Бургер кинг“ поради неверојатното здравствено осигурување, што беше обезбедено преку овој работодавач“, напиша таа.

Серина, исто така, истакна дека Кевин, меѓу другото ќе ги користи донациите за својот пензиски фонд и за „да ги посети своите внуци“. Таа објаснила дека нејзиниот татко ќе продолжи да работи таму, иако доаѓа на возраст за пензионирање.

Во некои од неодамнешните донации дадени за собирањето средства, многумина изразија дека се инспирирани од Кевин и неговата работна етика.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Инаку, во видеото кое тој го има објавено во јуни 2022 година, Кевин отворил торба со подароци што ги добил од партнерската компанија на „Бургер кинг“. Некои од подароците биле чаша „Старбакс“, единечен билет за кино и торба со чоколади.

Тогаш компанијата добила голем број критики, велејќи дека подарокот е премногу банален, со оглед дека вработениот во Бургер Кинг работел толку долго без да отсуствува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот