Готово: Тен Хаг ќе биде новиот менаџер на Манчестер јунајтед

Според Ралф Рангник, Јунајтед ќе биде подобар со Ерик Тен Хаг/Фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Како што е веќе познато, сегашниот кормилар на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник до крајот на сезоната ќе биде на клупата, а потоа Манчестер јунајтед на лето ќе добие нов менаџер.

Според добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил известува дека Јунајтед од следната сезона ќе биде предводен од Ерик Тен Хаг, актуелниот тренер на Ајакс од Амстердам.

Ова не е нешто ново, бидејќи веќе подолг период се најавува дека Тен Хаг ќе го води тимот од „Олд Трафорд“, се чека само потврда од клубот.

Се очекува Англичаните да платат надомест од два милиони евра, а ќе се почека малку со објавувањето на трансферот поради почит кон работата што Тен Хаг ја работи во Ајакс, со кој се бори за нова холандска титула.

Тен Хаг во Јунајтед го носи и капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ?

Според британскиот „Телеграф“, Тен Хаг целосно ќе го преуреди тимот на Јунајтед и за тоа се очекува да добие огромен буџет.

– Тен Хаг има две големи желби. Првата е Хари Кејн, кого Јунајтед го посакува веќе долго време, за очекување е овој трансфер да се реализира на лето. Покрај него, идниот стратег на Јунајтед сака да го ангажира и Деклан Рајс од Вест Хем, а доколку не успее, има резервни решенија – пишува Телеграф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот