Готово: Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ?!

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Лионел Меси постигна вербален договор со првите луѓе на Пари Сен Жермен за продолжување на договорот. Како што информира Фабрицио Романо, Аргентинецот прифати да остане во редовите на францускиот шампион.

Договорот наскоро треба да биде потпишан, но не е познато колку долго ќе остане 35-годишниот Меси во клубот во Париз или колкава ќе му биде платата.

Изворот вели дека Меси никогаш не го прифати предлогот на Интер Мајами, ниту преговараше со Барселона.

Со аргентинската репрезентација го оствари сонот откако ја освои светската титула, а сигурно сезонава ќе биде уште гладен за трофеи на клупски план со париските „светци“.

За ПСЖ до сега одигра 53 натпревари, постигна 23 гола и забележа 29 асистенции. Минатата сезона го освои францускиот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот