Гостиварец платил осум илјади евра за документи и работа во европска земја, не добил ништо

Маж од Гостивар пријавил измама кога лице со кое комуницирал електронски му ветувало документи за престој и работа во европска земја, а за услугата му побарало и добило 8.000 евра.

Имено, според полицијата, 28-годишниот Џ. Ќ. од гостиварско село, вчера, во 15 часот, во СВР Тетово пријавил дека едно лице со кое електронски комуницирал и кое му се претставило дека е од Гостивар му ветило дека нему и на уште две други лица ќе им обезбеди документи за престој и работа во европска земја и дека за таа услуга му побарало и добило 8.000 евра.

Но, по извесно време услугата не била извршена и тој сфатил дека е измамен.

Полицијата соопшти дека се расчистува случајот.

Во Скопје измамен жител на Црна Гора, го изнајмиле како преведувач и му го испразниле новчаникот за 500 евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот