Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт!

Youtube

Ѓорѓе Балашевиќ го откажа распродадениот концерт во Крагуевац поради влошување на здравствената состојба.

Причината за тоа бил инфарктот што пејачот го доживеал, пренесува Блиц. Во моментов се наоѓа во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде што е хоспитализиран и му се вградени стентови.

Српските медиуми неофиционално дознаваат дека пејачот се чувствува добро и наскоро ќе биде пуштен дома.

„Драги Крагуевчани и останата екипо кои сакавте да дојдете вечерва на концертот. Жал ми е што морам да ве известам дека концертот се одложува. Животот некогаш прави планови без нас и не смета на нашето разбирање и што друго ни останува. Здравјето во секој случај е најважно“, напишала неговата ќерка Беба Балашевиќ на социјалните мрежи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот