Горан Благоев: Бугарија не се однесува како членка на НАТО, за разлика од С. Македонија

Горан Благоев, Фото: МИА

Пред Руската амбасада во Бугарија се одржа протест во спомен на загинатите украински државјани во руската воена инвазија на Украина. Насобраните скандираа „Путин го*нар (Путин-хујло, протестен слоган кој особено се прошири по руската инвазија)” и „Смрт за Руската империја”, „Ова не е Москва“ и „Русија надвор”.

На протестот учествуваа бугарски и украински граѓани. Пред насобраните, резервниот полковник Диман Георгиев рече дека се срами од претседателот на Бугарија Румен Радев и актуелниот премиер на државата, кои според него „не прават ништо за поддршка на напатената Украина“.

Познатиот бугарски новинар и општествен деец, Горан Благоев, кој беше и кандидат за претседател на земјата, изјави дека Радев „треба да биде свесен дека не се политичките партии кои сакаат да и пружат вооружена помош на Украина, тие кои ја втурнуваат Бугарија во војна, туку манипулаторите на Путин, дека камионот што го разнесе мостот на Крим тргнал од Бугарија“.

Според Благоев, „за жал, бугарските државници денеска молчат за невидената руска суровост и вандализам над Украина и колежот на мирното украинско население и уништувањето на цивилни објекти во повеќе градови во Украина. Тој рече дека бугарските политичари молчат и за обвинувањата на Владимир Путин за Бугарија“. Според него, „Бугарија долго време не се однесува како земја членка на НАТО, за разлика од Северна Македонија, која иако од неодамна е членка на Алијансата, покажува голема соработка и единство во однос на одлуките во врска со руската инвазија на Украина“.

Благоев своевремеон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот