Големо количество марихуана запленето во Валона, требало да заврши во Турција

Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

Албанската полиција во приморскиот град Валона заплени 500 килограми марихуана, која по морски пат требало да пристигне во Турција.

Директорот на регионалниот комесаријат на Валона, Ермал Мучај, на прес-конференција изнесе детали за акцијата за борба против трговија со дрога под шифра „РЕСЕТ“, во рамките на која е разбиена криминална група која произведувала и тргувала наркотици.

– Запленети се 34 пакувања со различни големини, со наркотична дрога канабис сатива со вкупна тежина од 500 килограми. Уапсени се седум лица, сите жители на околината на Валона, додека се трага по уште неколку лица, жители на Валона и Тирана, чиј идентитет не се соопштува, во интерес на истрагата. Од истрагата е утврдено дека овие граѓани организирано дејствувале, за да ја транспортираат дрогата по морски пат кон турската држава, рече Мучај.

Според него, дрогата била преработена и спакувана во магацин на браќата Идриз и Ромир Меминај, во селото Тревлазер а потоа со возилото управувано од Нертин Ѓони ја превезувале кон морскиот брег, за потоа да ја пренесат во Турција. Возилото било блокирано во населбата „11 јануари“ во Валона.

Во акцијата во која биле вклучени и прпадници на специјалната единица „Ренеа“ и единицата за брзо распоредување, се запленети две парчиња огнено оружја, четири возила и осум мобилни телефони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот