Голем топлотен бран ја зафати Јапонија, најмалку седум мртви

Најмалку седум лица починаа како поседица на високите температури во Јапонија, меѓу кои има и едно бебе од градот Тојама, кое неколку часа било оставено во автомобил на паркинг.

Јапонија е зафатена од извонредно жежок топлотен бран, а температурата се искачува и до 38 степени целзиусови, пишува денеска весникот „Јапан Тудеј”

Во Агеа, северно од Токио, маж на возраст од околу 60-тина години во петокот попладнето бил пронајден мртов пред својата куќа, изјавиле денеска официјалните претставници на локалната власт. Тие претпоставуваат дека починал од високите температури

Во префектурата Мијаги, во саботата, жена на возраст од околу 80-тина години била пренесена во болница каде подоцна и починала како последица на топлотен удар.

Од екстремните жештини деновиве умреле уште четири лица, меѓу кои во префектурата Нагасаки починале 83-годишна жена и 90-годишен маж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот