Голем пораст на новозаболени во Франција, во еден ден речиси 10.000 повеќе

Франција денеска регистрира рекордни речиси 10.000 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа пред клучниот состанок на кој Владата треба да донесе одлуки за засилување на мерките против пандемијата.

Властите се повеќе се загрижени поради големиот број на заразени во Франција, иако бројот на починати и оние кои се на интензивна нега се далеку од високите цифри регистрирани во март и април.

Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани 9.843 новозаразени со коронавирусот за еден ден, најголем број од почетокот на масовното тестирање, со откриени и потврдени 71 нов кластер.

Во изминатото деноноќиe починале 19 луѓе, со што вкупниот број на жртви во Франција достигна 30.813. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот