Го бранеше Трамп со тезата дека коронавирусот е измама на демократите, па доби отказ од Фокс њуз

Конзервативната водителка на Фокс њуз, Триш Реган, доби отказ од телевизијита поради тоа што во неколку своите вечерни емисии пред две недели повикуваше дека ширењето на коронавирусот е „измaма“ на демократите.

Реган се најди на удар на критики од јавноста откако во својата популарна емисија „Триш Реган прајмтајм“, која се емитуваше во текот на неделата во ударен термин навечер, коментираше дека медиумските извештаи за коронавирусот се уште една „импичмент измама“ за „уништување на претседателот Трамп“.

Неколку денови подоцна, од Фокс њуз соопштија дека емисијата на Триш Реган ќе паузира, поради потреба од термин за известување околу пандемијата од коронавирус.

Во соопштението синоќа, телевизијата укажа дека го раскинува договорот со Реган.

– Благодарност за нејзиното учество во програмите на мрежата, и посакуваме континуиран успех во идните ангажмени – соопштија синоќа од телевизијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот