Главчев и Радев / Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Главчев: Договорите што ги потпиша Република Северна Македонија мора строго да се спроведуваат

По повод церемонијата на инаугурација на новиот претседател на Република Северна Македонија, Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност и со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и, во принцип, со договорите меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, нагласи бугарскиот премиер Димитар Главчев во соопштението што го дистрибуира прес-службата на бугарската влада.

-Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора строго да се спроведуваат. Потсетуваме дека Република Северна Македонија е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности. Убедени сме дека европската перспектива на Република Северна Македонија во целост ќе зависи од нејзиното сеопфатно спроведување на договорите одобрени од сите од јули 2022 година“, вели Димитар Главчев.

Претходно и бугарскиот претседател Румен Радев даде став токму во истиот дух, укажувајќи и дека преговарачката рамка за Северна Македонија, одобрена од Европскиот совет во 2022 година, нема да се менува.

-Новоизбраниот претседател на Северна Македонија предизвика жестока реакција и предупредувања од Грција и Европската комисија за европскиот пат на земјата, откако Гордана Сиљановска-Давкова вчера за време на полагањето заклетва за шеф на државата изјави дека ќе го почитува Уставот и ќе ја бранат независноста на „Македонија“ користејќи го името на државата пред Договорот од Преспа со Грција во 2018 година, потсетуваат бугарските медиуми.

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов пред два дена коментирајќи ги изборите во Македонија реагираше на засилената антибугарска пропаганда и го прозва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се почитува Договорот за добрососедство со Бугарија ако сака добрососедски односи.

-Има Договор за добрососедство кој сме го склучиле со Република Северна Македонија. Го повикувам колегата Мицкоски, колега ми е, добар пријател ми е, од ЕПП, да престане да зборува зошто им поминаа изборите. Му го честитав успехот, но таа реторика гледате ја запали целата бугарска политичка класа. Ако сака добрососедство, имаме договор, сите ќе си ги мериме приказните“, категоричен е Борисов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот