Ѓоковиќ запиша два нови рекорди со победата над Качин на „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Најдобриот тенисер на сите времиња нема загубено меч во првото коло на грен слем-турнирите од Австралија опен во 2006 година, додека денешната победа му беше 40-та по ред на централниот терен на Вимблдон.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на овогодинешниот Вимблдон. Тој на стартот го совлада аргентинскиот тенисер Педро Качин со 3:0, во сетови (6:3, 6:3, 7:6), по речиси 90 минути игра.

Овој меч брзо ќе паднеше во заборав доколку Ноле со оваа победа не постигнеше два рекорди.

Србинот ја постигна 66 последователна победа во 1 коло на Грен слем турнирите. Така тој го престигна Рожер Федерер и постави рекорд од почетокот на отворената ера во 1968 година.

Ѓоковиќ го нема загубено првиот меч на најсилните турнири од Австралија опен во 2006 година кога загуби од Американецот Пол Херберт Голдстејн со 2:6, 6:1, 3:6 и 2:6.

Ѓоковиќ направи уште еден чуден подвиг. Со оваа победа тој забележа 40 последователни триумфи на Централниот терен на Вимблдон. Исто така, српскиот тенисер го држи рекордот по бројот на победи на најпознатиот тениски терен во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот