Ѓоковиќ се поблиску од магичната бројка oд 400 недели на врвот на АТП листата

Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMА

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, денес ја започна 397-та недела на врвот на АТП листата.

Ѓоковиќ остана на 11.045 бодови што е за 2.420 повеќе од второпласираниот Карлос Алкараз кој е на 8.625. Алкараз поради повреда го пропушти турнирот од серијата 500 и така испушти шанса да се доближи до српскиот тенисер.

Неделава Ѓоковиќ ќе игра на првиот турнир по освоениот УС Опен. За Ѓоковиќ на турнирот во Париз доволно е само да влезе во финалето за да остане лидер до крајот на годината.

Данил Медведев (7.200), Јаник Синер (5.410), Андреј Рубљев (4.935), Стефанос Циципас (4.435), Холгер Руне (4.280), Капсер Руд (3.705), Александар Зверев (3.540) и Тејлор Фриц (3.500) се уште тенисерите кои се во топ 10.

Калин го изедначи својот најдобар ранкинг во кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот