Ѓоковиќ немаше среќа: Доби тешка група за мастерсот во Торино

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во Торино ќе се игра финалниот АТП мастерс турнир, а веќе се потврдени и групите во кои ќе играат осумте тенисери.

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ во Торино доби тешка група и ќе се соочи со Стефанос Циципас, Андреј Рубљов и Данил Медведев, тие ја сочинуваат „црвената група“. Во другата „зелена група“ силите ќе ги одмерат Рафаел Надал, Каспер Руд, Феликс Оже-Алијасим и Тејлор Фриц.

Турнирот ќе се игра од 13. до 20. ноември. Најдобрите два тенисери од двете групи продолжуваат во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот