Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Ѓоковиќ: Физички ова е еден од најтешките турнири во мојата кариера
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, Кина, со победа од 2-0 над Зизу Бергс, но по мечот откри дека ова е еден од најтешките турнири во неговата кариера.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Среќен сум со победата. Без сомнение, ова е еден од физички најтешките турнири на кои сум играл, но одам чекор по чекор и се надевам на најдоброто во иднина. Ова е мојот прв дуел со Бергс, многу позитивен човек. Искрено, играв малку порезервирано отколку што планирав. Мојот фокус беше да останам во поените и да се борам до крај – рече Ѓоковиќ.
Србинот се осврна и на својот противник во полуфиналето, Валентин Вашеро, тенисер од Монако, кој успеа да стигне до финалето на Мастерсот во Шангај како квалификант.
– Голема работа за Монако. Одлично е да се видат играчи како него и Бенџамин Балере како го подигнуваат нивото на тенисот таму. Живеев во Монако со години и сум среќен за нив. Имаме слободен ден, па ќе дадеме сè од себе во полуфиналето – вели Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето во Шангај по 10 пат во својата кариера, што дополнително ја потврдува неговата исклучителна конзистентност и успех на овој престижен турнир.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
50мин
-
58мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5