Гинекологија Чаир ќе продолжи да загадува во срцето на Скопје

Фото: Профимедиа

Најголемиот котел, стар повеќе од педесет години ќе продолжи да загадува во срцето на Скопје. Гинеколошката клиника „Мајка Тереза“, во Чаир и оваа зима ќе се грее на мазут, ниту оваа сезона ќе нема негова замена со еколошки начин на греење.

Од болницата веќе се снабиле со мазут, за кој одвоиле од својот буџет 50.000 евра.

Министерството за здравство постојано ветува промена на системот за греење, со природен гас не само на Гинекологија Чаир, туку и на болниците во Куманово и во Струмица. Министерот Венко Филипче неодамна истакна дека проектите се подготвени, тие влегле во тендерскиот план за гасификација што ќе започне да се реализира како приоритет, во овие три јавни здравствени установи.

Инаку, во земјава има вкупно 17 болници кои се греат со мазут, чиј чад испушта огромни ПМ 10 честички во воздухот. Минатата зима, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, тогаш на клиниката и даде рок од 30 дена за изнаоѓање решение, или во спротивно, велеше, дека ќе ставеле катанец.

Сега од Град Скопје велат дека една мерка не е доволна, туку ветуваат долгорочна стратегија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот