Ги искина мрежите, млад кошаркар на Будуќност погоди 70 тројки по ред (ВИДЕО)

Младиот кошаркар на Будуќност, Феѓа Пајовиќ привлече големо внимание на јавноста по видео снимката на која се гледа дека погоди дури 70 тројки по ред.

Феѓа Пајовиќ е син на поранешниот кошаркар на Будуќност, Гаврило Пајовиќ, кој сега е спортски директор на екипата.

Поради големата конкуренција во Будуќност, младиот 186 сантиметри висок кошаркар е отстапен на градскиот ривал Студентски кој ќе игра против МЗТ Скопје и Работнички во АБА2 лигата.

Интересно, видеото кое е симнато од безбедносните камери во салата „Морача“, е всушност од март годинава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот