Германскиот виролог предупредува: Можна „бура на коронавирусот“ во есен заради пребрзо попуштање на мерките

Фото: Профимедиа

Германскиот виролог Александар Кекуле е загрижен заради брзината и обемот на попуштање на мерките за сузбивање на коронавирусот, и предвидува „бура на вирусот“ во есен.

Кекуле за ЗДФ кажал дека следењето на синџирот на инфекција на коронавирусот се уште не е на посаканото ниво, како и дека ризичните групи не се доволно заштитени.

Со договореното попуштање на мерките нивото на безбедност се намалува, предупредува директорот на Институтот за медицинска микробиологија на универзитетскаа клиника Хале.

Според неговите зборови, важно е да се изработи одржлив концепт на заштита, место политика на „попуштање-затегање“.

Во светот моментално се заразени речиси четири милиони луѓе, додека успешно се излечени повеќе од милиони и триста лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот