Германски банкарски гигант го допре дното: Ги уништи аферата со Трамп и неговиот зет

Акциите на германската банкарска институција Дојче банка, денеска забележаа пад од три отсто, достигнувајќи ја така најнинската вредност во историјата на своето постоење, неколку дена пред годишната конференција, пренесуваат медиумите ширум светот.

До распродажба на акциите дошло поради афера дека банката се обидела да прикрие серија сомнителни акции, кои вклучуваат правни субјекти кои ги контролирале претседателот Доналд Трамп и неговиот зет во периодот од 2016 и 2017 година.

Според извештаите на медиумите, тие трансакции требало да бидат испратени до Министерството за финансии на САД како извештај за таканаречени сомнителни активности, но раководителите на банката тоа го одбиле.

Со акциите на Дојче Банк се тргувало по 3,27 отсто по најниска цена. Последен пат акциите забележале толку голем пад во декември, поради извештај за евентуално спојување со ривалот Комерцбанк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот