Германската Влада контактира со апликацијата Телеграм заради говорот на омраза

Телеграм /Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Германската Влада имаше „конструктивна дискусија” со Телеграм во врска со говорот на омраза и повиците за насилство споделени во групите за разговор на апликацијата, изјави денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

– Во првата конструктивна дискусија за понатамошна соработка, се договоривме да ја продолжиме и интензивираме размената, напиша Фезер на Твитер.

Таа рече дека Владата ќе се надоврзе на овој дијалог без да даде дополнителни детали.

Нејзините коментари доаѓаат во момент кога министрите за правда на ЕУ се состануваат за да разговараат за говорот на омраза на интернет.

Телеграм се најде под интензивен надзор во Германија за време на пандемијата бидејќи многу екстремисти најчесто ја користеа за да организираат протести или да шират дезинформации.

Федералната канцеларија на криминалистичка полиција на Германија неодамна објави дека ќе започне повнимателно да ја следи содржината на Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот