Германија се спрема за НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ – Набавиле 189 МИЛИОНИ таблети јод за граѓаните

радијација

Германските власти ги зголемуваат залихите на таблети јод кои можат да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен инцидент.

Германската канцеларија за заштита од радијација потврди денес дека нарачала 189.5 милиони таблети јод „за да би осигурала безбедна и масовна распределба во случај на радиолошка или нуклерна криза“.

Телевизијата ВДР која прва известила за зголемувањето на залихите, навела дека нарачаната количина на таблети е четири пати поголема од сегашните залихи.

Ако се земат набргу после нуклеарен инцидент, таблетите јод можат да спречат заболување од рак на тироидните жлезди.

После катастрофата во јапонската нуклеарна електрана Фукушима во 2011 година, Германија ги смени упатствата за управување со проблеми во нуклеарните електрани.

Додека Германија планира постепено да ги затвори сите нуклеарни електрани до 2022 година, неколку нејзини соседи, вклучувајќи ги Белгија, Франција, Швајцарија и Чешка, ќе продолжат да користат нуклеарни реактори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот