Германците се бунтуваат, цената на превозот скокна од 9 на 49 евра

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Граѓаните на Германија секој ден се повеќе ја чувствуваат економската криза предизвикана од руската инвазија на Украина, објави порталот Каматица рс.

Последен во низата удари по нивните џебови е огромното поскапување на јавниот превоз – од девет на 49 евра.

Имено, оваа земја од први јануари ја очекува широк спектар на поскапувања, а убедливо најмногу поскапел превозот, повеќе од пет пати. Токму затоа граѓаните за да го изразат своето незадоволство излегоа на улиците во многу градови во земјава. И овој билет е субвенциониран од државата како и претходниот. Сојузната држава презема трошоци во износ од 1,5 милијарди евра.

Тројно ќе се зголеми и бројот на лица кои ќе имаат право да ја субвенционираат месечната закупнина од 1 јануари. Во иднина субвенциите ќе важат за два милиони домаќинства, а вкупниот износ на субвенции ќе се зголеми од 1,4 милијарди на 5,1 милијарди евра. Иако покраините побараа од федералната влада да ги преземе поголемиот дел од субвенциите, договорот вели дека покраините и државата ќе плаќаат половина од нив, како и досега.

Дали секој може да си го дозволи овој билет? Инфлацијата во септември достигна 10 отсто, првпат во последните 70 години, а најмногу поскапеа енергенсите и храната. Ова исто така значи дека овие неизбежни ставки трошат пропорционално поголем дел од буџетот на домаќинството. Поради ова, потрошувачката кошничка во оваа земја е сериозно оштетена, а ако се земе предвид фактот дека едно четиричлено семејство сега ќе потроши дури 160 евра повеќе за пат од дома до училиште или работа, јасно е колкав е обемот на ова зголемување на цената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот