Порше/ Фото Jamie Mann / Alamy / Profimedia

Газдата на „Порше“ гради приватен тунел од неговата вила до центарот на Салцбург – граѓаните бесни!

Во Салцбург, градот на Волфганг Амадеус Моцарт плановите на автомобилскиот магнат Волфганг Порше предизвикаа вистински бунт. Порше, всушност, има намера да ископа приватен тунел под ридот Капучинерберг за директно да го поврзе центарот на градот со неговата вила. Проектот предизвика петиција и обвинувања за фаворизирање на супербогатите, пишува Кориере- пренесува Телеграф.рс.

Вилата позната како „Пашингер Шлесл“ на ридот Капучинерберг стана сопственост на австрискиот писател Стефан Цвајг во 1917 година. Тој ја сакаше затоа што беше „романтична, недостапна“ и, најважно, „недостапна за автомобили“. Во тоа светилиште, до кое се стигнуваше со искачување на повеќе од сто скали, тој ги напиша своите најпознати дела. Сепак, во 1934 година, под притисок на антисемитизмот, беше принуден да ја продаде куќата и да оди во егзил.

Сто години подоцна, новиот сопственик има сосема различни планови. Волфганг Порше (82), шеф на автомобилската династија и сопственик на брендовите Фолксваген и Порше, ја купил вилата во 2019 година за 9 милиони евра. Веднаш започнал радикална реновирање, за да можат тој и неговата сопруга, принцезата Габриела цу Лајнинген, да уживаат во својот нов дом. Како дел од работите, изградена е подземна гаража за осум автомобили, што не е изненадувачки, бидејќи магнатот е познат по својата страст за брзо возење по планински патишта. Контроверзноста ескалираше кога Порше побара и доби дозвола од Градот Салцбург да ископа приватен тунел што ќе ја поврзе гаражата на вилата директно со центарот на градот. Официјалната причина е „тежок пристап до вилата преку тесен пат, особено во зима“.

Но, дури и за Салцбург, навикнат на богатите и славните, овој проект беше последната капка. Додека работите за ископување веќе беа започнати, 20.000 жители потпишаа петиција со која се осудува „преференцијалниот третман за супербогатите, симбол на социјална неправда“.

„Не сакаме милијардер Порше да сече рид за да пристапи до својата приватна гаража користејќи јавен имот“.

Дополнително негодување предизвика фактот што тој плати само 48.000 евра за користење на јавно земјиште во заштитено природно подрачје. Проектот го доби првото зелено светло на почетокот на 2024 година, со гласовите на социјалдемократите, популистите и националните либерали, и покрај противењето на Зелените и Комунистичката партија, која е втора најсилна партија во Салцбург.

Темата за тунелот, исто така, го подели владејачкото мнозинство. Градоначалникот Бернхард Ојингер (SPÖ) се најде во незгодна позиција – пред својата политичка кариера, работеше во Порше 27 години како синдикален претставник. Тој се брани тврдејќи дека не може ништо да направи против проектот што го наследил од претходната влада.

„Постојат огромни правни и технички прашања кои сè уште остануваат неодговорени. Но, ÖVP (Австриска народна партија), SPÖ (Социјалдемократи) и FPÖ (Партија на слободата) одбија да поканат експерти и да отворат јавна дебата. Од што се плашат?“, рече советникот на Комунистичката партија, Клаудиус Меј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот