Гатузо ја потврди разделбата со Милан

EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Оваа одлука на Гатузо доаѓа после неуспешниот обид Милан да обезбеди настап во Лигата на шампионите преку Серија А.

– Заминувањето од Милан не е лесно, но морав да донесам ваква одлука. Тоа е резултат за 18 месеци колку што бев на тренерската функција. Одлуката е болна, но правилна – рече Гатузо за италијанскиот весник „Република“.

Гатузо, кој дури 13 години со голем успех го носеше дресот на Милан, се откажа од сите заработки до крајот на договорот.

– Мојата приказна со Милан никогаш не може да биде прашање околу парите – додаде темпераментниот тренер.

Од ноември 2017 година го водеше клубот од „Сан Сиро“, а претходно беше стратег уште на Сион, Палермо, ОФИ и Пиза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот