Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Посна лимон торта со мак

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

– Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната – ни открива Дијана.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – лимон торта со мак.

– Сочна, мека торта со лимон и мак. Лимонот ѝ дава прекрасна свежина, а крцкавите зрнца мак прекрасна текстура – вели Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 240 милилитри растително млеко (јас користев бадемово)
– сок и кора од еден лимон
– 300 грaма брашно
– 1 лажица прашок за печиво
– 1 мало лажиче сода-бикарбона
– 1/2 лажиче сол
– 150 грама шеќер
– 125 милилитри масло или омекнат маргарин
– 1 лажиче естракт од ванила
– 3-4 лажици мак

Фото: Приватна архива

За преливот:

– конзерва кокосов крем
– малку мед
– екстрат од ванила

За декорација:

– карамелизирани бадеми
– лимон
– мак

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Обложете го калапот во кој ќе печете со хартија за печење. Можете да ја печете и во тавче со димензии од околу 23 со 23 см. Во тој случај ќе треба да ја печете околу 20 минути.

Во растителното млеко ставете го сокот од лимон.

Во поголем сад просејте го брашното, печивото, солта и сода-бикарбоната. Додадете го шеќерот и измешајте. Ставете го млекото со лимоновиот сок, кората од лимон, маслото, ванилата и макот. Мешајте само додека се спојат состојките.

Префрлете ја смесата во калапот и печете околу 15 минути. Засечете ја тортата по должина, да може да излегува воздухот и печете уште 35-45 минути. Оставете ја да се излади 15 минути пред да ја извадите од калапот.

Глазурата е сосема опционална. Може да ја оставите како што е.

Изматете го кремот од кокос со мед по желба и екстрат од ванила. Нанесете на изладена торта.

Ливчињата од бадем тостирајте ги да поруменат и наросете со малку кафеав шеќер. Мешајте додека се растопи шеќерот.

Тортата декорирајте ја со бадеми, парчиња лимон и мак. Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот