ГАЛЕРИЈА | Мајка создава уметност во чинија: Омилените ликови од филмови, играчки и цртани филмови

Фото: Принтскрин / Instagram

Оваа креативна мајка создава уметност во чинија во буквална смисла на зборот. Користи свежи, здрави производи без рафиниран шеќер. А боите пак, ги добива со помош на зеленчук или природен прав.

Лале Момеди има 6-годишен син Џејкоб и 19-годишна ќерка Чарли. Во мај 2015 година, таа почнала да ги претвора палачинките за својот син во забавни ликови од цртаните филмови и сега тоа го прави на секои неколку дена.

Храната ја претвора во интересни ликови од омилените филмови, книги или играчки на нејзините деца.

„Јас и Џејкоб сакаме да бидеме креативни во кујната. Често зборуваме за состојките и нивните предности и недостатоци. На пример, кога имаше 3 години, зборувавме за тоа како кељот е суперхрана. Тој ќе ме прашаше зошто, а јас ќе му речев „затоа што суперхероите сакаат да го јадат тоа“. Оттогаш го обожава кељот“, изјави Лале за „Bored Panda“.

Своите интересни креации почнала да ги објавува на социјалните мрежи. Таму веднаш добила позитивни реакции од другите па решила да продолжи да ги инспирира и другите родители…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот