ГАЛЕРИЈА: Барате уживанција во жешкото лето? Среде Скопје сте во Куба, со коктел во рака и Ропа Вијеха

Каса Кубана
Колаж: СП. / Фото: Приватна архива

Далеку е Куба ако летово ја барате на географска карта, ама многу блиску е – ако тргнете по кејот кон центарот на Скопје.

Со долгогодишна традиција и специфичен кубански стил, гастрономија и музика, „Каса Кубана“ е вистински годишен одмор кога сонувате за плажа, а сте залепени за градскиот асфалт.

Каса Кубана
Фото: Приватна архива

Менито го отсликува карактерот на ресторанот, па тука се дегустира – се разбира – кубанска кујна. Мора да пробате од реброто Хавана премиум, од Ропа Вијеха, Рол де пиле, пилешки крилца во слатко-лут сос или од автентичниот бургер Сантиего де Куба.

Не прескокнувајте да пиете коктел – може да уживате во еден, а зошто да не и во два или три, летни коктели од листата која брои над 260 коктели подготвени од искусни коктел-мајстори.

Каса Кубана
Фото: Приватна архива

Ви носиме три рецепти директно од кујната на „Каса Кубана“, кои може да си ги подготвите и дома.

Коктел Пина Колада

3 мл бел рум, 3 мл Пинаколада крем, 2 мл сируп од кокос и сок од ананас.

Се полни шејкерот со коцки мраз, се додава 3 мл бел рум, 3 мл крем пинаколада, 2 мл сируп од кокос, а останатиот празен простор во шејкерот се пополнува со сок од ананас. Се „шејка“ неколку минути, а потоа коктелот се претура во чаша за коктел. За декорација се додава парче ананас.

Каса Кубана
Фото: Приватна архива

Кубанско ребро

500 грама свинско ребро претходно подготвено во фурна со „барбикју“ зачин (зачин за скара), се прелива со сос подготвен од кајсија, кечап и сенф и се потпекува 15 минути. Се сервира со кубански пекарски компир и кубанско потпечено лепче со путер, лук и рузмарин.

Каса Кубана
Фото: Приватна архива

Ропа Вијеха

Се пропржува кромид и црвена пиперка, се додава креола сос, црвен грав и 150 грама претходно варено телешко месо, исечкано на коцки. Се зачинува со сол и бибер. За подлога се подготвува динстан ориз, а претходната смеса се оформува во модла. Се декорира со црвена и зелена пиперка и зелен (лајм) лимон.

Каса Кубана
Фото: Приватна архива
Каса Кубана
Фото: Приватна архива
Каса Кубана
Фото: Приватна архива
Каса Кубана
Фото: Приватна архива
Каса Кубана
Фото: Приватна архива
Каса Кубана
Фото: Приватна архива
Каса Кубана
Фото: Приватна архива
Каса Кубана
Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот