ФЗОМ бара ликовен уметник којшто ќе го советува директорот за административни работи

Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), на јавен оглас за вработување, бара советник кој ќе го советува директорот за административни работи, а услов е да има завршено ликовна уметност или организациски науки и управување.

Советникот на директорот кој треба да го советува директорот за административни работи според посебните услови треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“.

Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка. Платата изнесува 34.448,00.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот