Футсал: Македонија на три секунди пред крајот извлече бод против Италија

Македонската футсал репрезентација денес на домашен одигра 3:3 против Италија.

Во првото коло во квалификациите за Светското првенство Македонија беше поразена на гости против Шведска со 5:2, за денес во второто коло да го освоивме првиот бод.

Италија набрзина во 11. минута прво преку Мота, па преку Ло Чичеро во 16. минута дојде до 2:0. Сепак, таквиот резултат не ја откажа мотивираната Македонија, преку Рамадани во 18. минута намаливме на 2:1.

После 15 минути игра во вториот дел Мота го постигна вториот гол и го врати водствот од два гола на Италија. Ние намаливме со автоголот на Ло Чичеро на четири минтуи до крајот. До реми дојдовме со голот на Крстевски точно на три секунди пред истекот на времето.

Треба да се спомене дека големи заслуги за овој бод на Македонија има и голманот Петровски кој одбрани неколку тешки удари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот