Фудбалска револуција во Лигата на шампионите, ждрепката ќе се одредува компјутерски

фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Следната сезона фудбалската Лига на шампионите ќе има нов изглед, бидејќи досегашниот начин на натпреварување со четири екипи во секоја група ќе замине во историјата, а во иднина ќе се игра лигашко натпреварување.

Но, тоа нема да биде единствената промена, бидејќи ќе се промени и ждрепката. Во иднина нема да има стандардна церемонија на која еден од познатите фудбалери и првите луѓе на УЕФА ги извлекуваат топчињата. УЕФА одлучи да воведе вистинска револуција, па наместо стандардната ждрепка, во иднина ждрепката ќе се одредува компјутерски.

Навивачите не се многу ентузијасти за ова, бидејќи сметаат дека само тогаш има простор за манипулации, но во иднина ждрепката ќе биде таква. Да потсетиме, следната сезона Лигата на шампионите ќе брои 36 клуба, па групната фаза ќе биде минато.

Според најавите ќе има четири шешири од девет тима, рангирани според коефициентот на УЕФА за пет години, при што клубовите ќе се соочат со по два противници од секој шешир. Клубовите нема да можат да извлечат тимови од нивната земја, освен ако не ги има премногу во еден шешир. Ова би влијаело само на лигите со четири или повеќе клубови во натпреварувањето, иако УЕФА верува дека ќе може да го избегне ова следната сезона.

Тоа значи дека единствениот рачен аспект ќе биде свечениот дел од изборот на тимот чии натпревари ќе бидат ждребени. Компјутерот потоа автоматски ќе ги додели противниците на тој тим од сите четири шешири и ќе одлучи кои натпревари ќе се играат дома, а кои на гости.

На пример, ако во еден шешир се: Манчестер сити, Севиља, Барселона, Наполи, Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Бенфика, Феенорд, Реал Мадрид. УЕФА ќе извлече една екипа, на пример Барселона. Нејзините ривали потоа ќе бидат откриени еден по еден по пат на компјутерска жрепка.

Исто така, потврдено е дека ќе има две, ограничени ждрепки во нокаут рундата, едната на крајот од прелиминарната фаза кон крајот на јануари, а другата на крајот на февруари за осминафиналето. Нема да има ждрепка за четвртфиналето и полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот