УЕФА го претстави новиот формат на Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Следната есен стартува новиот формат на фудбалската Лига на шампионите, тоа го објави УЕФА на својата официјална веб-страница. Најважната промена е што во најсилното европско клупско натпреварување ќе учествуваат 36 клубови, а не 32 како до сега.

Нема повеќе групи, туку се игра лигашки систем на натпреварување. Во првата фаза секој тим ќе има по осум натпревари и ќе собира бодови за да се пласира во следната фаза. Веќе нема да играат против истите противници дома и на гости.

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Квалификациите за Лигата на шампионите ќе бидат отворени во зависност од пласманот на клубот во домашното првенство на крајот од претходната сезона и репрезентативниот коефициент. Дополнителни четири екипи влегуваат во Лигата на шампионите според следните правила.

Една екипа е третопласирана од петтата најсилна лига во Европа според коефициентот на УЕФА. Вториот тим ќе биде шампион на својата земја, кој преку Лигата на шампионите ќе влезе во Лигата на шампионите. Во ЛШ досега низ четири преткола влегоа четири екипи, а од следната сезона ќе влезат пет.

Третата и четвртата екипа влегуваат врз основа на добрите резултати минатата сезона. УЕФА автоматски ќе испрати две екипи во главната фаза од Лигата на шампионите според коефициентот и успехот од минатата сезона.

Системот на бодување не се менува. Остануваат три бода за победа и еден за нерешен резултат. Бидејќи сите екипи учествуваат во лигата, осумте најдобри одат директно во осминафиналето. Екипите пласирани од деветтото до 24 место ќе играат второ коло (еден натпревар дома и еден на гости) за пласман во осминафиналето.

Двојките во таа фаза ќе бидат одредени со жрепка, а екипите ќе бидат поделени во две групи – носители (од деветто до 16 место во лигата) и неносители (од 17 до 24 место). Потоа, победниците ќе играат против еден од осумте најдобро пласирани од првото коло. Сезоната завршува со екипи од 25 до 36 место, бидејќи нема повеќе тимови кои одат во Лига Европа.

Лига Европа ќе се игра во идентичен формат како и Лигата на шампионите, додека Конференциската лига ќе се игра во малку поинаков формат. Во Конференциската лига секој тим ќе одигра по шест натпревари во првата фаза, а не осум. На двете натпреварувања ќе учествуваат исто така 36 клубови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот