Фудбалерот на Барса Обамејанг претепан и ограбен во неговиот дом

Пјер-Емерик Обамејанг, фудбалерот на Барселона/фото: EPA-EFE/Juan Herrero

Според „Ел Паис“, кој се повикува на полициски извори, Пјер-Емерик Обамејанг бил нападнат во Барселона од најмалку четири маскирани лица кои упаднале во домот на ѕвездата на каталонскиот клуб. Во таа прилика бил претепан и ограбен.

Нему и на целото семејство му се заканувале со пиштоли, а не се знае со колку повреди се здобил напаѓачот.

Шпанските медиуми јавуваат дека од куќата однеле поголема сума пари и накит, а го принудиле Обамејанг да го отвори сефот во кој имало многу вредни предмети.

Маскираните лица побегнале со бело „Ауди А3“, а сопругата на фудбалерот ја известила полицијата за нападот. Во моментов се трага по напаѓачите.

Ова не е прв ваков инцидент во Барселона, бидејќи претходни жртви на вакви напади беа уште двајца играчи на оваа екипа, Жорди Алба и Жерар Пике.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот