Фудбалерите ја покажуваат хуманата страна, донираат милиони

фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Во моментите кога целиот свет се бори со пандемијата на коронавирусот, фудбалските ѕвезди се постојано активни во хуманитарните кампањи.

Напаѓачот на Баерн Минхен и на полската репрезентација, Роберт Левандовски заедно со сопругата Ана донираа милион евра на болниците за борба против ширењето на коронавирусот.

– Свесни сме за состојбата, сега сите играме за еден ист тим. Мораме да останеме силни во оваа борба. Доколку сум во можност да помогнам на некого, секогаш тоа ќе го правам – изјави Левандовски за „Билд“.

Неговите соиграчи од Баерн, Леон Горецка и Жошуа Кимих кои ја покренаа акцијата „WeKickCorona“, објавија дека за 24 часа се собрани повеќе од два милиони евра кои ќе бидат наменети за помош на заболените од ковид-19.

Парите ќе бидат донирани на хуманитарни, социјални и медицински организации кои се борат со пандемијата на коронавирусот.

Апелот на двоецот на Баерн го прифатија поголем број на германски фудбалеи како Јулијан Дракслер, Јонас Хектор, Лукас Клостерман, Јулијан Брант, Надим Амири, Тило Келер и Лерој Сане кој самиот донирал 500.000 евра.

И најпогодената европска земја од коронавирусот Италија има свои херои. Последен во низата е поранешниот сопственик на Интер, Масимо Морати чија компанија „Сарас“ донира милион евра на болниците во Ломбардија која е најзагрозена.

– Во овој момент на општа, колективна опасност, болниците се под најголем притисок и нивната улога е од суштинска важност во борбата против овој вирус. Чувствуваме потреба да пружиме конкретна поддршка на Ломбардија, регион кој е најтешко погоден од вирусот – изјави Морати.

Освен тоа, нафтената компанија Сарас со која раководи Морати исто така ќе ги обезбеди сите болници со гориво за да можат да работат под полн капацитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот