Фудбалерите ги дознаа противниците во Лигата на нации: Македонија на мегдан со Бугарија

„Рисовите“ во третото издание од Лигата на нации ќе играат против источниот сосед/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците за третото издание од Лигата нации и ќе игра против селекцијата на Бугарија.

„Рисовите“ на денешната ждрепка се најдоа во групата Ц4 заедно со селекциите на Бугарија која е носител, Грузија и Гибралтар.

Дуелите со Бугарија се очекува да бидат интересни и поради затгегнатите политички односи во последно време, а противник на избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе биде и Грузија преку која Македонија обезбеди историски пласман на Европското првенство. Тотален аутсајдер во групата е Гибралтар.

Натпреварите ќе се играат од јуни до септември идната година. Првото коло ќе се игра од 2-4 јуни, второто на 5и 6 јуни, третото од 8-11 јуни, а четвртото од 12-14 јуни. Последните две кола ќе се одиграат во септември, петтото коло од 22-24, додека последното шесто коло ќе се игра од 25 до 27 септември.
Победниците од групите ќе обезбедат пласман во Б-дивизијата, додека последнопласираните ќе играат плејаут баражи во март 2024 година и два поразени тима ќе испаднат во Д-дивизијата.

Ц-ДИВИЗИЈА
ГРУПА Ц1: Турција, Луксембург, Литванија, Фарски Острови
ГРУПА Ц2: С. Ирска, Грција, Косово, Кипар/Естонија
ГРУПА Ц3: Словачка, Белорусија, Азербејџан, Казахстан/Молдавија
ГРУПА Ц4: Бугарија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Гибралтар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот