ВИДЕО | Радовиш направи сензација и го остави Еурофарм Пелистер со еден тим во Суперлигата!

Фото: Screenshot

Eкипата на Радовиш сензационално се избори за победа во бараж натпреварот за опстанок во Суперлигата откако го победи Еурофарм Пелистер 2 со 27:26.

Голот на одлука во натпреварот го постигна Постолов со удар од девет метри по истекот на времето.

Еурофарм Пелистер 2 ја имаше контролата над натпреварот скоро во текот на целата средба, а на пауза водеше и со шест гола разлика. Радовиш и во таква ситуација не се откажуваше и во вториот дел полека ја „топеше“ негативата.

Изгледаше дека ќе гледаме пенали, меѓутоа Постолов не дозволи такво нешто и донесе победа.

Овој триумф на Радовиш значи и дека Еурофарм Пелистер следната сезона ќе има само една екипа во домашната Суперлига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот