Фрчат тужби, МЕПСО ги тужи фирмите за ланското влечење на струја

трафостаница мепсо скопје
Трафостаница „Мепсо“ Скопје / МИА

Од време на време добиваме и средства, така како што влегува прилив на нивните сметки, нема да застанеме додека не се наплатат долговите, но јасно е дека тоа е бавен процес, вели Орхан Муртезани, директор на АД МЕПСО

Ако некој влече струја од нашата преносна мрежа таа струја ќе треба да се плати и покрие, истакна директорот на МЕПСО, објаснувајќи што се случува со ланските долгови кои ги направија трговците со недозволеното влечење струја од системот.

– Доколку страната што влече струја не ја прифаќа таа влечена струја тогаш ние сме должни да постапиме согласно закон и да потегнеме судска процедура, така што има основ таа струја да се наплати. Ние навремено постапивме согласно закон и согласно одредбите од договорот и се блокирани сметките на сите фирми коишто навремено не ги извршуваат обврските. Од време на време добиваме и средства, така како што влегува прилив на нивните сметки. Истовремено ги потегнавме и сите судски процедури за тие побарувања да се наплатуваат по судски пат – појасни Муртезани, додавајќи дека наплатата ќе оди со години.

– Нема да застанеме се додека не се наплатат долговите, но јасно е дека тоа е бавен процес – додаде Муртезани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот