7.9 C
Скопје

Француските парламентарци препорачуваат целосна забрана за нитрите во сувомеснатите производи до 2025 година

Нитрите се адитиви кои се користат за продолжување на рокот на траење на сувомеснатите производи, кои им даваат и розова боја, посебно на шунката, но има сомневање дека се канцерогени. Парламентарниот извештај презентиран денеска во францускиот парламент, препорачува постепено забранување на солите од нитрити до 2025 година, јави дописникот на МИА.

Овие контроверзни адитиви се користат во сувомеснатите производи за продолжување на рокот на траење и спречување на оксидација, но постојат сомневања дека фаворизираат појава на одредени видови на рак.

Парламентарците за да ја забранат употребата на соли од нитрити, се потпираат на сослушувањата на научниците, пред сè, на професорот Аксел Кан, претседател на Лигата против рак.

За време на сослушувањата, Аксел Кан процени дека „третманот на сувомеснатите производи со нитрити се чини дека е позитивно поврзан” со зголемување на канцерогената природа на месото, теза која индустријата за месо ја оспорува сериозно.

Прочитајте и...  Предложени парични казни за групирање на приватна прослава во Скопје

Врз основа на овие експертизи, извештајот препорачува на прво место „да се забрани употреба на азотни додатоци во сувомеснатите производи од 1 јануари 2023 година за месни производи кои не се термички обработени”, како што се сурова шунка „а од 1 јануари 2025 година за сите сувомеснатите производи “, вклучително и варена шунка.

-Оваа забрана, за која е потребна реална транзиција на секторот, мора да биде поддржана од јавните органи, особено на финансиско ниво, сметаат авторите на извештајот, пратениците Ришар Рамос, долгогодишен противник на адитиви на нитрити, и неговата колеги Барбара Бесот-Балот и Мишел Кроузет. Оттука произлегува и препораката за поддршка на оваа транзиција „со формирање јавен фонд наменет за поддршка на адаптацијата на производствените алатки на преработувачите”, особено занаетчиите, ,алите и средните претпријатија.

Прочитајте и...  Истрага во Министерството за правда околу обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во САД

-Околу 76 отсто од сувомеснатите производи кои се на пазарот во супермаркетите содржат нитрати или нитрити, се посочува во извештајот, чии препораки всушност водат кон нацрт-закон, кој сè уште не е поднесен.

Забраната за нитрити „би имала здравствени последици што би било тешко да се измерат”, тврди претседателот на професионалната гранка на преработувачите на месо, Бернард Валат.

Потенцијалното враќање на случаите со ботулизам, особено се ставаат во прв план од производителите. Но, во извештајот, пратениците сметаат дека со „подобрување на санитарните услови и хигиенските протоколи низ целиот синџир на производство”овозможи „да се намали оваа закана до нејзино виртуелно искоренување “.

Индустријалците бараат од парламентарците да чекаат објавување на мислење од агенцијата за здравствена безбедност, побарано од владата, пред да донесат закон

Прочитајте и...  Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Извор.МИА

Поврзани вести

Истрага во Министерството за правда околу обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во САД

Слободен печат

„Ја разбираме карикатурата, но Петричиќ не го разбира силувањето“: Карикатуристот ја шокираше јавноста

Слободен печат

Втор ден немири во Холандија по воведувањето на „полициски час“: Инциденти во Ротердам и во близина на Мастрихт

Слободен печат

Филипче за набавка на ковид вакцини: Преговараме со кинески „Синовак“ и „Синофарм“, чекаме дози и од Ковакс механизмот и од „Фајзер“

Слободен печат

Шкотска ќе одржи нов референдум во мај

Срѓан Ивановиќ

Бајден повторно ги воведе ограничувањата за патување

Слободен печат

Остави Коментар