Францускиот фудбал еден месец зад затворени врати!

Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот е донесена оваа одлука од страна на првите луѓе на францускиот фудбал.

Причината за играњето на натпреварите е коронавирусот, мечевите во „Лига 1“ и „Лига 2“ ќе се играат пред празни трибини до 15. април.

Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот е донесена оваа одлука од страна на првите луѓе на францускиот фудбал.

Потсетување дека во најсилната француска фудбалска „Лига 1“ настапува и еден македонски репрезентативец, Влатко Стојановски кој ги брани боите на Ним.

Воедно одлуката е донесена откако Владата на Франција забрани собири на повеќе од 1000 илјади луѓе. Во оваа држава досега од коронавирусот починаа 30 лица.

Претходно денеска беше одлучено во Шпанија во наредните две недели да се игра фудбал без публика, во Италија веќе има пауза до почетокот на април, а се очекуваат слични мерки и во останатите делови од Европа и пошироко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот