Франција и Германија очекуваат наскоро продолжување на дијалогот Белград – Приштина

Макрон не се откажува од самит во Париз.

Франција и Германија очекуваат наскоро да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, а францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со германската канцеларка Ангела Меркел, и натаму се подготвени да бидат домаќини на самит во Париз, јави  француската амбасада во Приштина на својот профил на Твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ниту ги потврди, ниту ги демантираше, информациите дека е можно во Париз на 17 јули да се одржи состанок за Косово, но тој очекува политичкиот дијалог наскоро да продолжи во Брисел.

Специјалниот американски пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, го одложи состанокот во Белата куќа, претходно закажан за в сабота, на 27 јуни, откако косовскиот премиер Авдулах Хоти го извести дека не доаѓа на средбата.

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа го откажа патувањето за  Вашингтон, откако Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК во Косово ги објави содржините на предлог обвиненијата, во кои се вклучени тој, претседателот на Демократската партија, Кадри Весели и неколку други поранешни припадници на ОВК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот