Француските гуски и патки први во Европа ќе примат вакцина против птичји грип

Птичји грип /Фото: Профимедиа

Франција неодамна објави тендер за набавка на 80 милиони дози вакцина против птичји грип за да биде подготвена наесен да започне со програмата за вакцинација. Тоа е првата земја од Европската унија која се одлучила на ваков чекор, пренесува „Агроклуб“.

Се планира превентивна вакцинација на живината со цел да се ограничи репродукцијата на вирусот и ризикот од мутација и да се избегне пренесување на цицачи и луѓе.

Презентирани се три модели на вакцинација. Франција, очигледно заштитувајќи ја живината, има намера да го заштити производството на познатиот производ гускина паштета, кој е скап и се служи во подобрите ресторани. Предвидена е и вакцинација на живина на слободно и на отворено.

Птичјиот грип е една од главните причини за пореметувања на пазарот на живинско месо и јајца минатата година, а последиците од кризата се уште се чувствуваат.

Јајцата сè уште се меѓу производите чија цена е најмногу зголемена. Производството на пилешки јајца во Европската унија е значително намалено, делумно поради енергетската криза, но поттикот беше токму ширењето на вирусот на птичјиот грип. Повеќе од 50 милиони живина умреле минатата година во Европа поради заканата од птичји грип и убивањето на дивите и домашните птици.

Многу фарми беа затворени или претрпеа големи економски загуби. Високото ниво на болести кај дивите птици доведува до зголемување на бројот на случаи во комерцијалните фарми. Птичјиот грип стигна до нови делови на светот, станувајќи ендемска болест за видовите диви птици кои го пренесуваат вирусот на живината, предупредуваат ветеринарите и експертите за болеста, објави неодамна „Гласот на Америка“. Посочуваат и дека тоа може да прерасне во проблем кој е актуелен во текот на целата година.

САД, Велика Британија, Франција и Јапонија се меѓу земјите кои претрпеа најголеми загуби во живинскиот фонд во текот на 2022 година – што влијаеше на многу фармери да се чувствуваат беспомошни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот