Францускиот парламент со закон го поддржа правото на кравите да мукаат

Магазин: Пекселс/pixabay

Семејствата кои ќе решат да бараат мир и тишина во едно француско село тешко дека отсега натаму ќе можат да ги тужат своите соседи за кукурикањето на петлите, мукањето на кравите или квичењето на свињите, бидејќи парламентот го легализирал правото на глас на домашните животни, пишува „Дејли адвертајзер“.

Со новиот закон што Собранието го усвои во понеделникот навечер, селаните, земјоделци ќе бидат заштитени во извршувањето на нивните традиционални работни задачи. Често се случувало луѓе кои не се навикнати на селскиот живот да се одлучат да се преселат на село, а потоа да ги тужат своите соседи поради бучавата што ја создава, на пример, трактор што оди на работа во зори или локална пекара што работи ноќе.

Стотици тужби поднесени против соседите ги преплавиле локалните судови, кои сега ќе можат да здивнат. Така, во насловите доминирал случајот со млекопроизводител кој на соседите морал да им плати 100.000 евра и да си ја реновира шталата.

Во 2019 година, судот пресудил во корист на петелот Морис, кој добил право да продолжи да пее и покрај тужбата од соседите, сопственици на викендица, кои се пожалиле дека им се нарушува правото на мир. Новиот закон предвидува сите рурални бизниси кои се вршат на законски начин да можат да продолжат.

Претходниот закон од 2021 година го бранеше таканареченото „чувствително наследство“ на француското село, а овој термин се однесува на бучавата и мирисите карактеристични за природата и селата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот