Француската полиција заплени голема количина оружје во куќата на Ален Делон

Ален Делон / Фото: EPA

Полицијата заплени 72 парчиња огнено оружје во домот на легендарниот француски актер Ален Делон (88), кој нема дозвола за ниту едно од нив, соопштија денеска обвинителите.

Полицајците пронајдоа и повеќе од 3.000 парчиња муниција и стрелиште во селската куќа на актерот во Души-Монкорбон, општина на 135 километри јужно од Париз.

„Делон нема овластување да поседува огнено оружје“, изјави локалниот обвинител Жан Седрик Гау.

Актерот глумеше улоги на гангстери во неколку од неговите најпознати филмови, вклучувајќи го и Самурајот“ („Le Samouraï“) од 1967 година.

Делон е во лоша здравствена состојба откако доживеа мозочен удар во 2019 година, а неодамна беше во центарот на семејна расправија за неговото наследство.

Било наредено да се спроведе претрес откако службеник, назначен од судот, го забележал оружјето во неговиот дом и го предупредил судијата.

Од деведесеттите години, па сѐ до денес, Делон ретко се појавува во јавноста, а неговото последно големо појавување беше на доделувањето на Златната палма на Канскиот филмски фестивал во 2019 година.

Тој, сепак, присуствуваше на парискиот погреб на неговиот пријател и колега Жан-Пол Белмонд во септември 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот