Француска гала филмска вечер со проекција на филмот „Изгубени илузии“

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија, со поддршка на „Зегин“, „Публицис“ и Младинскиот културен центар, организираат гала француска филмска вечер со проекција на филмот „Изгубени илузии“ во режија на Гзавие Џаноли.

Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е овогодишен добитник на седум награди „Цезар“, меѓу кои и „Цезар“ за најдобар филм, а ќе биде прикажан на 16 декември 2022, во 20 часот, во кино „Милениум“.

„Гзавие Џаноли одлично одговара на предизвикот: да го исчисти правот од Оноре без младешки претерувања и да го прилагоди Балзак на филм без да му ја издаде душата“, напиша „Пари-Мач“.

Настанот ќе го отвори Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.

Бесплатни билети за проекцијата можат да се резервираат преку Францускиот институт во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот