Франција го обвини Лукашенко за трговија со луѓе

Лукашенко/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Француските власти денеска го обвинија семејството на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека стои зад „мудро организираната трговија со луѓе“ во Европската унија (ЕУ), преку Турција и Дубаи, пренесува БФМ. 

„Оваа трговија со луѓе е организирана директно од самото семејство Лукашенко, со трети земји, преку организирање комерцијални летови и тури“, изјави францускиот државен секретар за европски прашања Клемент Бон. 

Според него, белорускиот режим „мудро организира“ шверц преку Турција и Дубаи, додека дел од мигрантите биле транспортирани од Ирак. 

ЕУ се сомнева дека Лукашенко со авион носи мигранти од Блискиот Исток и Африка во Минск, по што ги испраќа во Литванија, Латвија и Полска како одмазда за санкциите што ЕУ ги воведе кон Белорусија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот